Follow us:

ХАДИСОТ И ХАДИСКИТЕ НАУКИ

Хадисот

Почитувани,

Со голема радост денес официjално го објавуваме нашиот нај нов проект:

“ХАДИСОТ И ХАДИСКИТЕ НАУКИ”Хадисот и хадиските науки на ценетиот професор Махмут Каралиќ,без сомнение е едно од најдобрите дела од ваков вид напишано на нашите простори, што значително го буди интересот на читателите и сите оние кои сакаат да станат малку подобро запознаени со различните аспекти на науката за традицијата на Пратеникот, с.а.в.с.
Интерес за суннетот на Божјиот Пратеник, с.а.в.с., последните години е во пораст не само на локално ниво, туку и на глобално ниво.
Да би биле во состојба правилно да ги разбереме, а потоа и примениме наредбите, упатствата, советите и сугестиите на Пратеникот, с.а.в.с., кои ни ги даваат контурите на примерниот човечки живот, неопходно е, пред сè, за да се запознаеме со темелните информации за хадисот, неговото место во исламот, односот со Словото Божје, а потоа и со историскиот развој на настанување на хадиските дела и нивната веродостојност.

Делото Хадисот и хадиските науки ги содржи следниве основни теми:
– Стручни називи за традицијата
– Називи за луѓе кои се занимавале со хадисот,
– Хадисот во однос на Куранот,
– Односот на Хадисот кон Хадисот,
– Работа на полето на пишување и собирање на хадисите,
– Најзначајните гранки на хадиските науки и
– Видови хадиси и нивната поделба.

Она што се забележува после првите прочитани страници на ова дело, е тоа дека дефинициите, ставовите и мислењата на хадиските авторитети и авторитетите на другите исламски науки, се правилно преземени и јасно во фуснотите наведени.
Многу често, односно кога и да е потребно, авторот изнесените ставови ги аргументира со курански и хадиски текстови.
Истовремено користи бројна, сосема мериторна литература, воглавно на арапски јазик, но исто така и на темелни дела за хадиската наука на босански јазик. На крајот од трудот, авторот има наведено вкупно 105 библиографски единици што ги користел во овој труд.

За делото Хадисот и хадиските науки, можеме да кажеме дека тоа е учебник кој нуди професионално обработени основни теми кои се изучуваат во медресите и исламските факултети во рамките на хадитската терминологија и сите нив, ученици и студенти, добро ќе им дојде како основна литература за споменатиот предмет. Во исто време ова дело може да им биде многу корисен прирачник на сите оние кои сакаат да се здобијат со основни информации за исламската традиција, за нејзиното место во исламот и за нејзиниот историски развој од времето на Мухаммед, с.а.в.с., па до денес. Имајќи ги во предвид сите релевантни прашања што се третирани и презентирани во ова дело, како и неговата актуелност, се надеваме дека наскоро ќе се најде во рацете на многумина кои со задоволство ќе се препуштат на убавините на ова дело.

Генерален раководител и организатор на проектот: “ДАВЕТ”

Share on facebook
Share on twitter
Share on google
Share on whatsapp
Share on email
Share on print
Социјални мрежи
Нашите сервиси

Copyright 2021 | Давет - Сите права се задржани.