Follow us:

АПЕЛ ЗА ХИТНА ПОМОШ – ПАЛЕСТИНА- Газа

ПАЛЕСТИНА- Газа АПЕЛ ЗА ХИТНА ПОМОШ ..
ДОНИРАЈ И СПАСИ ЕДЕН ЖИВОТ

ДАВЕТ продолжува да биде на терен, на лице место со своите активисти кои ја пружаат неопходната помош на палестинскиот народ, додека се гранатирани од сите страни.
Луѓето во Палестина- Газа имаат потреба од наша и ваша помош.
Ситуацијата во моментот во Газа е повеќе од загрижувачка.Луѓето живеат во тешки услови и многу од луѓето се потпираат единствено на хуманитарната помош.
Тековните воздушни и копнени напади во Газа, дополнително само ги влошија работите на целото население.
Една наша група на Волонтери се наоѓа директно на терен, обезбедувајќи им итна помош на оние на кои истата им е најпотребна.

Во ГАЗА најпогодени се оние кои го имаат изгубено својот дом и оние кои се потешко и полесно ранети. Тие имаат потреба од: медицинска помош, ќебиња, постелнина, садови за полнење вода, цилиндри за полнење на плински гас за готвење, како и конзервирана храна со долготрајна трајност.
Палестинскиот народ со неговата скромност, дополнително не обврзува да се вложиме себе си, да дадеме се од себе и да им помогнеме.
Како единствена организација од балканските држави, која има свои активисти на терен со кои има непрекината комуникација, ви стоиме на располагање да бидеме линкот и конекцијата помеѓу вашата помош и напатениот и обесправен палестински народ.
Аллах џ.ш вели: Оној кој што ќе спаси еден човечки живот, како да го спасил целото човештво ( Ел- Маиде, 32).
Аллах да го спаси братскиот палестински народ, а вам да ви даде секое добро, за вашата хуманост и солидарност ,
Ве очекуваме,
ДАВЕТ

Share on facebook
Share on twitter
Share on google
Share on whatsapp
Share on email
Share on print
Социјални мрежи
Нашите сервиси

Copyright 2021 | Давет - Сите права се задржани.